Ил Манифест: Куба тестира четири вакцини, Италија сè уште работи на една

epa08954586 An advertisement poster of Cuba's Soberana II Covid-19 vaccine hangs next to the Cuban national flag at the Finlay Institute in Havana, Cuba, 20 January 2021. Cuba expects to produce 100 million doses of its vaccine against Covid-19. EPA-EFE/YAMIL LAGE / POOL

Весникот „Ил Манифест” ги критикува „слабите резултати на италијанските научници кои една година по почетокот на пандемијата на Ковид-19 сè уште развиваат домашна вакцина”, наспроти Куба, каде четири вида се во третата и последна фаза на тестирање на нивната ефикасност.

Кубанските вакцини „Соберана1″ и „Соберана2″, „Мамбиса” и „Абдала” се производи на групацијата „Биокубанафарма”, која вклучува 32 биотехнолошки и фармацевтски компании и вработува 80.000 работници.

Директорот на Групата за наука и иновации, Роландо Перез Родригез изјави дека сите кубански вакцини се засноваат на антигени, а не на генетски материјал на вирусот, со цел да предизвикаат одбранбена реакција во организмот и да спречат ширење на инфекцијата.

– Ова се техники со кои веќе експериментиравме во производството на вакцини за детски болести, што ни дава предност кога одобруваме употреба на вакцини, тврди Родригез.

Во Куба меѓу 11 милиони жители, вкупниот број заразени досега е нешто повеќе од 53.000, а починаа 336 заразени лица.

Куба планира да произведе 100 милиони дози вакцина и да ги имунизира сите нејзини жители до крајот на годината, а остатокот од лекот да го извезува во други земји.

Една од вакцините „Мамбиса”, која исто така е во третата последна фаза на потврда, ќе се применува во форма на спреј за нос, а експериментите со анти-ковид вакцина за деца и млади на возраст од 5 до 18 години ќе започнат во наредните месеци.

„Добри резултати за земја која успеа во сето ова и покрај американското ембарго и ограничувањата на поморскиот и воздушниот сообраќај во светот поради пандемијата на Ковид-19″, пишува весникот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот