Игуаин има интересна понуда од Премиер лигата!

фото: твитер

Интерес има и од страна на „Старата дама“ која ја следи ситуацијата со напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез, па можно е да се случи до размена на играчи.

Аргентинскиот напаѓач (32) би можел да направи уште еден голем трансфер во неговата професионална кариера. Гонзало Игуаин според британскиот „Експрес“ би можел ова лето да се врати во Премиер лигата, поточно во редовите на Вулверхемптон.

Информациите велат дека Аргентинецот сака да го напушти Јувентус, во Торино не се чувствува среќен, а англискиот клуб е подготвен да ги обезбеди неговите услуги. „Старата дама“ го вреднува својот играч на 16.5 милиони фунти.

Има уште многу да се игра до крајот на сезоната, доколку евентуално истата продолжи поради ситуацијата со коронавирусот.

Вулвси се на шестото место во генералниот пласман и се борат за настап во Евролига, поточно заостануваат само пет бода од четвртопласираниот Челси кој засега има обезбеден настап во Лигата на шампионите, а меѓу нив е Манчестер јунајтед кој засега има групна фаза во Лигата на Европа.

Воедно интерес има и од страна на италијанскиот шампион кој ја следи ситуацијата со напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез, па можно е да се случи до размена на играчи.

Игуаин во Англија ги бранеше боите на Челси, во 2019 година запиша пет голови во 19 натпревари, а досега за Јуве реализираше 63 погодоци во 138 мечеви.

До прекинот на сезоната мексиканскиот интернационалец Хименез за Вулверхемптон во најсилното англиско првенство 13 пати се запиша во листата на стрелците во 29 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот