Промоцијата ќе се одржи на 5 ноември, во 19 часот, во галеријата „Метаноја“

Играта „Синхроницитети – Чувари на приказната“ на Марко Трпески ќе има практичен приказ во галеријата „Метаноја“

Авторот Марко Трпески за своето дело пишува дека „Чувари на приказната“ е „друштвена (или осаменичка) игра чија цел е да поттикне креативно пишување и патешествие низ значенските мапи на симболите, потсвеста и имагинацијата. Играта ги поврзува визуелното и зборот во еден интуитивен процес на создавање и размислување.“

Покрај Марко, на промоцијата ќе има уште тројца чувари на приказната кои со зборовите, како со меч со две острици, ќе „сечат“ пат низ семантичкита џунгла: Ана Голејшка Џикова, Коста Милков и Ѓоко Здравески.

Промоцијата ќе се одржи на 5 ноември, во 19 часот, во галеријата „Метаноја“, од каде известија дека со настанот отвораат нова приказна во галеријата, каде два галериски салона ќе се „огледуваат“ еден во друг.

– Задоволството е уште поголемо што оваа приказна ќе почне да се „раскажува“ со промоцијата и изложба на новото авторско дело на визуелниот уметник Марко Трпески, „Синхроницитети – Чувари на приказната“ – истакнуваат од Галерија „Метаноја“ (Во огледалото).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот