Играше со Меси, а сега кариерата ја продолжува во Џибути!

Фото: EPA/HEIKO JUNGE NORWAY OUT

Камерунскиот играч за врска Алекс Сонг одлучи да продолжи со активното играње на професионален фудбал на африканскиот континент, поточно во Џибути.

Сонг има 33 години и во март стана слободен агент, откако договорот со швајцарската екипа Сион беше прекинат поради пандемијата на коронавирус. Разгледуваше неколку опции и на крајот после осум месеци пауза одлучи да направи еден изненадувачки потег.

Информациите велат дека Сонг потпиша договор на една година со опција за продолжување на соработката на уште една година.

Фудбалерот од средниот ред во 2012 година, по шест сезони поминати во дресот на Арсенал, направи трансфер во Барселона за 15 милиони фунти и за чиј клуб одигра 39 натпревари.

Со лондонските „топчии“ беше финалист во Лига купот, а со каталонскиот гигант по еднаш ги освои Ла Лига и шпанскиот Суперкуп.  За најдобрата селекција на Камерун запиша 49 настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот