ИФЈ најави тужба против Израел ако не ја почитува наредбата во врска со нападите врз новинари

Фото: EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) се закани дека ќе го тужи Израел доколку не ја почитува наредбата на Меѓународниот суд на правдата (МСП) во врска со нападите врз новинарите.

Во писмото до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант, ИФЈ посочи дека бројот на убиени новинари „е околу три пати поголем од оној на здравствените работници“ и дека е „невозможно да се верува дека тоа е случајност“.

ВИДЕО: Уште двајца новинари загинаа во Газа, еден од нив хонорарец на Ал Џезира

ИФЈ потенцира дека претставува 600.000 новинари во повеќе од 140 држави.

„Се надеваме дека хуманоста и желбата да се промовира слободата на медиумите е доволна причина да ве убедиме да ги преземете овие чекори. Ако тоа не се случи, нема да се двоумиме да иницираме акција пред меѓународните судови против израелските политичари и воени команданти и да ги охрабриме нашите 187 филијали да го сторат истото, онаму каде што домашните закони дозволуваат“, истакнува ИФЈ.

Војната во Газа одзеде животи на 68 новинари, од нив 61 Палестинец

Од почетокот на војната на Израел против Хамас, во Газа се убиени најмалку 120 новинари.

ВИДЕО | Најмладата новинарка во Газа: Деветгодишната Лама Џамус е гласот на најранливите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот