Војната во Газа одзеде животи на 68 новинари, од нив 61 Палестинец

Повеќе број на новинари се убиени во Појазот Газа за време на 10-неделната војна меѓу Израел и Хамас отколку за една година во сите други земји, објави Комитетот за заштита на новинарите.

„До 20 декември 2023 година, најмалку 68 новинари и медиумски работници се убиени од почетокот на конфликтот на 7 октомври. Меѓу тие 68 новинари имало 61 Палестинец, четворица Израелци и тројца Либанци“, се вели во соопштението на КЗН.

Комитетот исто така изјави дека е загрижен поради тоа што израелската армија ги напаѓа новинарите и нивните семејства. Најмалку еден новинар е убиен на место каде што немало борби иако носел јасни медиумски обележја.

Двајца новинари пријавија дека им се заканувале израелски официјални лица и офицери на израелските одбранбени сили (ИДФ) пред да бидат убиени членовите на нивните семејства.

Во соопштението КЗН наведува дека се уште ги истражува околностите за смртта на сите 68 новинари, но дека истрагата е попречена од страшното уништување во Газа.

ИДФ соопшти дека не може да ја гарантира безбедноста на новинарите додека известуваат од Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот