ВИДЕО | Најмладата новинарка во Газа: Деветгодишната Лама Џамус е гласот на најранливите

Фото: Принтскрин / Твитер

Деветгодишната Лама Абу Џамус почнала да го користи телефонот на мајка си за да снима видеа и да прикаже низ што минува во Газа, објавувајќи ги содржините на нејзиниот инстаграм-профил, кој сега има повеќе од 750.000 следбеници.

Откако Израел одговори на нападите на Хамас со офанзива во октомври, Лама и нејзиното семејство беа принудени да го напуштат својот дом поради честите воздушни напади. Моментално е во егзил на југот на Појасот Газа, пренесува „Си-ен-ен“.

 „Сакав јасно да му покажам на светот дека децата во Газа страдаат. Нема храна и вода. Немаме ништо“, вели малата новинарка која ги објавува своите репортажи на Инстаграм.

Лама ги посети и интервјуира ранетите деца, нејзините најблиски и го презентира искуството од престојот во училишните засолништа. Таа стана гласот на најранливите во Газа – децата, истакнува „Си-ен-ен“.

„Кога започна војната, знаевме дека има што да каже. Таа го грабна телефонот и почна да прави блогови за ситуацијата во Газа, бомбардирањето и преместувањето на луѓето“, изјави нејзиниот вујко Ахмад.

Инспирација на девојчето е нејзиниот татко, кој работи како новинар за медиумот „Ал Џезира“. Тој изјави дека е многу горд на неа.

„Ние страдаме во војната како и другите луѓе во Газа. Нејзината порака до светот е јасна – ве молам, престанете со војната и да се вратиме на нормалниот живот“, рече таткото на Лама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот