Идрис Елба за малку ќе останел без витешката титула, причината е неверојатна
Актерот Идрис Елба речиси ќе останел без титулата – витез од кралот Чарлс поради причина со која многумина можат да се поврзат – изгубено писмо.
Препорачано
Холивудската ѕвезда откри дека кралското писмо во кое го прашуваат дали ќе ја прифати почеста речиси поминало незабележано во купот пошта на гостувањето во „Шоуто на Греам Нортон“.
Во декември 2025 година, како дел од новогодишните почести на кралот Чарлс за 2026 година, беше објавено дека Елба е прогласен за витез за неговите услуги кон младите луѓе. Признанието како активист, актер и музичар му донесе и нова титула – Сер Идрис.
За време на неговото гостување во популарното шоу, Елба сподели анегдота за изгубениот пакет.
– Малку е срамно. Ми испратија писмо во кое ме прашаа дали сакам да го прифатам или не, но не го видов бидејќи се изгуби во поштата. Мојот агент ми рече дека ако не прифатам, понудата ќе ми помине. Кога го најдов писмото, имав два дена да одлучам – рече тој.
Елба прифати, а неговото признание беше објавено на најновата новогодишна листа на почести, која ги слави достигнувањата и придонесите на извонредни поединци низ цела Велика Британија. Меѓу 1.157 добитници оваа година се Синтија Ериво и Ели Гулдинг.
– Ја добив за услуги за млади луѓе и си помислив: „Почекајте малку, тоа е одлично, но глумам 30 години!“ Всушност, тоа е огромна чест, а мајка ми е многу среќна – рекол Елба.
Актерот ја доби титулата витез откако започна кампањи со висок профил за јакнење на младите луѓе и борба против криминалот со нож, како и за неговата работа со Фондацијата „Елба Хоуп“, добротворна организација што ја основал со сопругата Сабрина во 2022 година за поддршка на заедниците во дијаспората.
Елба се сретнал со кралот Чарлс во неколку наврати, а токму стипендијата од кралската добротворна организација „Принцов траст“, која ја добил на 18-годишна возраст, му помогнала да ја започне кариерата. Стипендијата му овозможила да посетува престижниот Национален младински музички театар во Британија. „Принцов траст“ беше преименуван во „Кралски траст“ откако Чарлс се искачи на тронот во 2022 година и досега им помогнал на повеќе од милион млади луѓе, а Елба сега служи како негов амбасадор на добра волја.


