Идната кралица Кејт на важна задача: Најелегантна досега, дочека 1.000 елитни гости! (ФОТО)

профимедиа

Во Бекингемската палата беше одржан традиционалниот дипломатски собир кој го организира кралицата Елизабета.

Тоа е најголемиот прием кој се одржува во палатата и секоја година на него се појавуваат околу 1.000 гости, вклучувајќи ги и уважените членови на британското кралско семејство.

Меѓу нив и оваа година беа војвотката и војводата од Кембриџ, на кои тоа им е шесто појавување на овој важен настан.

профимедиа

Со оглед на тоа дека се работи за многу свечена прилика, стајлингот на присутните секогаш е максимално елегантен и префинет. Затоа војвотката Кејт на вечерата пристигна во долг црн фустан од модната куќа Александар Mеквин.

Станува збор за прекроена верзија на постоечкиот модел на фустан од кој за оваа прилика специјално за Кејт ги отстраниле чипкастите делови од половината и грбот.

Покрај прекрасната тоалета, Кејт на главата ја понела и познатата тијара од починатата принцеза Дијана, која изгледа речиси како круна. Токму поради тоа, многумина уште еднаш прокоментираа дека Кејт сериозно се подготвува за идната улога на кралица.

профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот