Идентификувани уште 11 учесници на орото во Гевгелија

Полициските службеници продолжуваат со идентификување на нови лица кои биле присутни на местото на настанот.

Секторот за внатрешни работи од Струмица, во врска со гевгелискиот настан од 19 месецов, кога на првиот велигденски ден на улицата „Јосиф Јосифовски” се играло оро за време на полициски час соопшти дека се идентификувани уште 11 лица покрај досега идентификуваните 23 лица.

СВР Струмица и ОВР Гевгелија продолжуваат со преземање на мерки и активности о цел целосно расчистување и документирање на настанот се вели во соопштението.

Со новоидентификуваните лица во текот на денешниот ден ќе бидат обавени службени разговори во станицата во Гевгелија, а полициските службеници продолжуваат со идентификување на нови лица кои биле присутни на местото на настанот.

По целосно документирање на настанот против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни казнени пријави до ОЈО Гегелија со чија што координација се води целата постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот