Идејното решение за вечното почивалиште на Тоше Проески е готово, се чекаат владините пари

Фото: МИА

Крушево го изготви идејното решение за уредувањето на вечното почивалиште на Тоше Проески на Гумење и очекува до средината на јули Владата да одлучи за нивното барање за средствата за изградбата на објектот и се надева дека може да биде готов до крајот на годинава.

Ова треба да биде конечниот епилог и одговорот на прашањето што се случува со уредувањето на вечното почивалиште на големата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески кој во 2007 година трагично го загуби животот во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.

Како што објаснува Сотир Габелоски, задолжен за односи со јавноста во општина Крушево, идејното решение е прифатено од локалната самопуправа пред еден месец. Автор е Жарко Чаушески кој единствен се пријавил на конкурсот. Иако се знаеше дека лани од Владата беа одобрени 150.000 евра за оваа намена, тие пари не се искористија до крајот на годината поради долги административни процедури, па сега Општината повторно конкурира за истите пари, но според друга основа.

– Долгите административни процедури на релација Влада- Министерство за културта ги одложија сите рокови, па лани доделените владини средства од 150.000 евра останаа неискористени до крајот на минатата година, по што, според законот мораа да бидат повлечени. Годинава се отвори можноста да се конкурира преку Јавниот повик за капитални дотации до локалните самоуправи за финансирање на капитални објекти од интерес на културата. Повикот до 31 мај беше преку Министерството за култура на кој конкуриравме да ни бидат доделени истите, 150.000 евра, средства потребни за уредувањето на вечното почивалиште на Тоше Проески на Гумење. Ние конкуриравме, а деновиве, до 30 јуни, Министерството треба предлозите да ги достави до Владата, можеби се и доставени, за Владата да одлучи кои барања ќе ги прифати. Тоа треба да се знае до средината на јули, значи за околу две недели. Се надеваме дека нашето барање ќе биде прифатено и според обврските, тоа треба да биде реализирано до 15 декември. Што значи, по одобрувањето од Владата веднаш се прерфрлаат средствата и ние, бидејќи веќе имаме готово идејно решение, може веднаш да почнеме со градба, објаснува Габелоски.

За идејното решение за вечното почивалиште на Тоше Пртоески е консултирано и неговото сермејство. Од Оштината се надеваат дека конечно, по 12 години од трагичната смрт на Тоше Проески ќе биде достојно уредено неговото вечно почивалиште на истото место на Гумење каде сега под натстрешница се бројните постери, слики, предмети кои веќе 12 години ги оставаат неговите обожуватели не само од државава, туку и од целиот Балкан.

На Гумење веќе осум години е Спомен-куќата на Тоше Проески која, како и неговото вечно почивалиште речиси никогаш не е без посетители. Досега Спомен-куќата ја посетиле над 650.000 гости од кои 30 насто од странство. Во Музејот се над 350 експонати поврзани со ликот и делото Тоше Проески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот