ИДЦМ: Милиони новораселени лица поради ескалација на конфликтите

epa08653353 People wait to be evacuated from the Creek Fire, near Shaver Lake in the Sierra National Forest, California, USA, 07 September 2020. According to reports, the Creek Fire has burnt over 73,000 acres of forest. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Конфликтите и насилствата, кои ескалираа во првата половина на оваа година, предизвикаа зголемување на бројот на луѓе кои ги напуштија своите домови и станаа нови внатрешно раселени лица во рамките на нивните земји, се наведува во извештајот на швајцарскиот Центар за мониторинг на внатрешно раселените лица (ИДЦМ) по направениот полугодишен пресек.

Околу 14,6 милиони луѓе во 127 земји биле раселени во периодот од јануари до јули годинава поради природни катастрофи, но и конфликти предизвикани од луѓе, пренесува Гласот на Америка.

Центарот за мониторинг на внатрешно раселените лица известува дека конфликтите и насилството предизвикале една третина или 4,8 милиони нови раселувања, претежно во Африка и на Блискиот исток.

Директорката на ИДЦМ Александра Билак вели дека Сирија е на врвот на списокот на земји со најголем пораст на новораселени лица. Таа вели дека воените операции во северозападната провинција Идлиб во земјата предизвикале над 1,4 милиони цивили да ги напуштат своите домови.

– Демократска Република Конго, исто така, бележи нагло зголемување на насилството и вооруженото насилство и несигурност, особено во североисточната провинција Итури, што, исто така, доведе до 1,4 милиони раселувања, како и во Сирија, рече таа.

Билак вели дека Буркина Фасо, со речиси половина милион новораселени лица, стана земја со најтешка криза со раселување во Западна Африка, поради вооружениот конфликт што се шири низ целиот регион.

Таа изрази загриженост за ситуацијата која брзо се влошува во Камерун, Мозамбик, Нигер и Сомалија. Билак вели дека растечките конфликти и насилството во тие земји резултираа со повеќе нови раселувања во првата половина на оваа година отколку во цела 2019 година.

Но, таа истакна дека ситуацијата во Јемен, која во моментов се смета за најголема хуманитарна катастрофа, и натаму предизвикува особена загриженост.

– Иако бројките за Јемен се мали, ние тројно ја подвлекуваме кризата со која Јемен моментално се соочува во форма на, се разбира, овој постоечки и сегашен конфликт, влошен од високата стапка на Ковид 19, како и неодамнешната, една од најголемите поплави што ги доживеа земјата во повеќе години, рече таа.

Извештајот открива дека бавните, но и ненадејните природни катастрофи ширум светот предизвикале 9,8 милиони нови раселувања.

Според извештајот, циклоните во Индија и Бангладеш, поплави и роеви скакулци во Источна Африка, разорни пожари во Австралија и САД резултираа во присилна евакуација на милиони луѓе кои стравуваа за својот живот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот