Ибраими призна дека му се јавил Тачи пред гласањето во ДИК

Господинот Тачи ми се јави три пати. Јас еднаш му кажав дека ќе гласам по законот, потоа не му кренав и третиот пат му одговорив, а тој ми кажа да гласам по законите и моите принципи и убедувања од фактичката ситуација. Ова денеска на јавна седница на скопска Апелација го кажа поранешен член на Државната изборна комисија (ДИК) Бедредин Ибраими кој ја има обжалено казната од 4,6 години затвор во процесот „Титаник 2“ каде му се судеше за злоупотреба на функцијата.

Ибраими со својот исказ призна дека му се јавувал лидерот на ДПА Мендух Тачи за време на седнциата ан ДИК во 2013 година кога се одлулувало за приговорите за локалните избори, но нагласи дека одбил да прима инструкции.

На денешната седница во Апелација не е присутен само осудениот Мендух Тачи. Него го застапува само адвокат.

Во првостепениот процес лидерот на ДПА Мендух Тачи беше осуден на 3,2 години затвор, Сашо Мијалков доби три години, а Сашо Срцев, Анета Стефановска и Влатко Сајковски беа исто така осудени на три години затворска казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот