Ибрахимовиќ ќе биде дел од Мундијалот и тоа во улога во која ќе дебитира
Легендарниот Златан Ибрахимовиќ ќе биде дел од Светското првенство наредното лето и тоа во една нова улога за него каква што нема л досега. Имено, Швеѓанецот ќе биде дел од телевизискиот тим на „Фокс Спортс“ како стручен аналитичар за време на турнирот кој ќе се игра во САД, Мексико и Канада.
Препорачано
Ова издание на Мундијалот ќе биде историско, бидејќи за првпат ќе настапат дури 48 репрезентации, а стартот е закажан за 11 јуни. Ибрахимовиќ, кој моментално има советничка улога во Милан, сега ќе се испроба и во медиумите, носејќи го своето богато искуство пред ТВ камерите.
Поранешниот шведски напаѓач е најновото големо име во аналитичката екипа на „Фокс Спортс“, каде друштво ќе му прави и Тјери Анри кој веќе беше дел од програмата за време на ждрепката во декември.
Во студиските емисии ќе учествува и познатата водителка Ребека Лоу, која ќе биде една од главните лица задолжени за водење на специјалните програми посветени на светскиот шампионат.
Ангажманот го потврди и самиот Ибрахимовиќ преку социјалните мрежи кој најави дека ова Светско првенство, ќе биде најдоброто досега.
„Светското првенство 2026 ќе биде најдоброто на сите времиња. Возбуден сум што ќе се приклучам на „Фокс Спорт“ во САД за да го следиме турнирот. Нема на што, Америко“, порача Ибрахимовиќ.
The 2026 FIFA World Cup is going to be the BEST World Cup of All Time!
I’m excited to announce that I will be joining Fox Sports in the United States this summer to cover the World Cup.
You’re Welcome America – #ZLATANonFOX pic.twitter.com/xne3MHfqXv— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) March 17, 2026


