И со корона вирусот во политичка битка!

Не е соодветно да се користат кризните ситуации како оваа со корона вирусот бидејќи таа е надпартиска и се однесува на безбедноста на сите граѓани во државата.

Веќе се обистинуваат предвидувањата дека ова изборна битка ќе биде валкана, помалку бомбастична, а сега веќе и вирусно инфицирана.

Во Македонија за среќа заболени од корона вирусот нема, но панични реакции како онаа на професорката Каракамишева дека на клинички има борни коли и специјалци со митралези се користат за политички цели.

Неумесна, несериозна и тенденциозна беше инсинуацијата од страна на судијата Владимир Панчевски дека тоа било „превентива од корона вирусот“. Ова особено затоа што доаѓа од судијата Владимир Панчевски кого лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски го смета за сериозен кандидат за функцијата Државен јавен обвинител. Ако така бргу суди и обвинува Панчевски подобро Мицковски да размисли каква неправда ќе спроведува неговиот кандидат за оваа висока функција.

Прочитајте и...  Трамп: Не очекуваат најтешки недели

Во подготовките на државата за соочување со корона вирусот важна улога имаат и медиумите. Според долгогодишните новинарки кои следат здравство овој пат комуникацијата на властите со новинарите е значително подобрена, тие се многу поотворени и подостапни за информации во секое време.

Но, Ирена Мулачка вели:

-Проблемот настанува кога мејстрим медиумите неселективно пренесуваат фејсбук статус кој шири паника, наместо да се обратат за изјава кај министерот или надлежната здравствена институција за соодветна информација.

Според Менче Точи некои работи се должат и на претстојните избори:

-Доаѓаат избори и очигледно состојбите во здравството стануваат тема на меѓусебни препукувања меѓу партиите, користејќи ги сите слабости кои постојат во здравствениот систем, а тоа носи поени.

Прочитајте и...  Скопје како во филмот „Јас сум легенда“, само без зомби (ФОТО+ВИДЕО)

Според нив не е соодветно да се користат кризните ситуации како оваа со корона вирусот бидејќи таа е надпартиска и се однесува на безбедноста на сите граѓани во државата. Дотолку повеќе што како што вели Ирена Мулачки Македонија и порано се соочувала со вакви кризи како што беше еболата, сарсот, птичјиот и свинскиот грип, без разлика која партија била на власт.

-Нема играчка со вака сериозни работи како што е сега корона вирусот за да се шират лажни вести или политички да се поентира, додава Менче Точи. Тука сме ние, сериозните медиуми и новинари да известуваме точно, дури и да критикуваме, да укажуваме на слабостите доколку ги има, но никако тоа да се злоупотребува, вели таа.

Прочитајте и...  Вонредно обраќање на кралицата Елизабета Втора поради Ковид-19

Инаку за да се избегнат лажни вести или за да се користат споредни канали на информирање кое може и да се политизира, министерството за здравство формираше кризен штаб и од денеска ќе одржува редовни конференции за новинарите два пати дневно.

 

Прочитај повеќе

Спасени 15 мигранти кои се обиделе да преминат од Франција во Велика Британија

Слободен печат

Епидемиологот Пашагиќ почина од последиците на коронавирусот

Слободен печат

Филипче: Ова се моите колеги кои неуморно работат на пунктовите за тестирање

Слободен печат

Премиерот Џонсон префрлен во болница

Слободен печат

Полицискиот час ги опустоши парковите, се шетаат само кучиња (ФОТО)

Ирскиот премиер ќе работи една смена како лекар додека трае епидемијата

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Заразените од коронавирус во Кипар ќе се следат преку мобилна апликација

Слободен печат

Пазарите за диви животни во Кина повторно се отвораат, расизмот кон азиската популација во САД расте (ВИДЕО)

Слободен печат

Кралицата Елизабета се обрати до нацијата: Ќе успееме во борбата против коронавирусот (ВИДЕО)

Слободен печат

Скопје како во филмот „Јас сум легенда“, само без зомби (ФОТО+ВИДЕО)

Љубиша Николовски

Баша: Нискиот број на тестови во Албанија ја прикрива вистината и чини животи!

Слободен печат

Француски план предвидува 300 милијарди евра на кредити за поддршка при економската криза

Слободен печат