Фото: EPA/SARAH YENESEL

И Руанда ќе започне да прифаќа депортирани мигранти од САД

Владата на Руанда соопшти дека ќе прифати до 250 мигранти од САД според договорот постигнат со Вашингтон, но не даде детали за тоа кој би можел да биде вклучен, пишува Гардијан.

Иницијативата за депортација на администрацијата на Трамп вклучуваше преговори за аранжмани за испраќање луѓе во трети земји, меѓу кои и Јужен Судан и Есватини.

Договорот објавен во вторникот следи по откажаниот договор со Велика Британија според кој Руанда ќе ги примаше барателите на азил што пристигнуваа во Велика Британија со мали чамци. Тој договор беше поништен откако конзервативната влада што преговараше за него ги загуби минатогодишните општи избори.

„Руанда се согласи со САД да прифати до 250 мигранти“, изјави за АФП портпаролката на владата, Јоланде Маколо.

Таа рече дека Руанда ќе ја задржи „можноста да одобрува секое лице предложено за преселување“.

Маколо рече дека владата се согласила со шемата со Вашингтон бидејќи „скоро секое семејство од Руанда ги искусило тешкотиите на раселувањето“.

Таа додаде дека на оние што ќе пристигнат во Руанда ќе им биде обезбедена обука, здравствена заштита и сместување.

Не беа дадени дополнителни информации, вклучително и индикации за временска рамка, а Маколо рече дека Руанда „ќе даде повеќе детали откако ќе бидат разработени“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот