И понатаму ќе се транзитира низ Македонија без ПЦР тест

Граничен премин граница
Граничен премин / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок на кој министерот за здравство Венко Филипче предложил странците што ќе влегуваат во земјава за транзит, задолжително да приложат ПЦР тест не постар од 72 часа, одлучила тој предлог да се одбие.

Како што дознава ,,Слободен печат” од свои доброупатени извори кои присуствувале на состанокот, аргументацијата на Комисијата за заразни болести била дека вакво нешто нема да има смисла, зашто ако патникот оди на подалечно патување, додека да стигне на крајната дестинација неговиот ковид статус може да се смени од негативен во позитивен. Самиот период од 72 часа е доволен за инкубација на вируост, односно пцр тестот направен долго време пред да се стигне на крајната дестинација, не е гарант за тоа дека патникот не е носител на вирусот.

Предлогот на Филипче дојде откако во Финска во саботата слета авион од Скопје, претежно полн со косовски државјани, од кои 24 излегле позитивни на коронавирусот на аеродромот во Турку. Дел од тие патници, пред да полетаат од Скопје за Турку, влегле во Македонија како транзитни патници. Тие на границата со Косово приложиле само авионски билет и потпишале писмена изјава дека ќе ја напуштат земјава во рок од три часа. На летот за Финска со македонски пасош летале само двајца.

Откако во Финска од 157 патници, 24 добиле позитивен резултат за коронавирусот, тамошните власти решија да воведат задолжителен карантин и задолжително тестирање за сите што ќе влезат на нивна територија од високоризична држава, за каква што ја сметаат секоја што има повеќе од 8 позитивни лица на 100.000 жители во период од две консекутивни недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот