И ова „чудо“ се случи: Македонска компанија воведува 4-дневна работна недела

Ние сме убедени дека 4-дневната работна недела ќе ја зајакне благосостојбата на нашиот тим и ќе ја оптимизира нашата оперативна продуктивност, изјави Радослав Галиќ, сопствени и управител на компанијата Магнометал ДООЕЛ.

Трговската компанија за градежна опрема и опрема за патна инфраструктура „Магнометал“ соопшти дека од 1 јануари 2026 година, ќе започне со пилот-проект за воведување на 4-дневна работна недела за своите вработени, без намалување на платата.

– Оваа револуционерна иницијатива го прави Магнометал првата трговска компанија во Западен Балкан и поширокиот регион што храбро го усвојува овој модел, поставувајќи нов стандард за продуктивност и работна култура. Како трговска компанија, нашиот успех директно зависи од ефикасноста и фокусот. Ние сме убедени дека 4-дневната работна недела ќе ја зајакне благосостојбата на нашиот тим и ќе ја оптимизира нашата оперативна продуктивност – изјави Радослав Галиќ, сопствени и управител на компанијата Магнометал ДООЕЛ.

Тој вели дека компанијата е посветена кон иновациите, не само во трговијата, туку и во начинот на кој ги третира вработените.

„Ова е доказ дека одличната работа може да се постигне попаметно, а не подолго. Клучни цели на пилот-проектот се: Позиционирање на Македонија и Магнометал ДООЕЛ како лидери во иновативните работни практики; Зголемена продуктивност со фокусирање на резултатите преку оптимизација на процесите и елиминирање на неефикасноста; Подобрена благосостојба со обезбедување подобар баланс помеѓу работата и приватниот живот, овозможувајќи им на вработените да имаат повеќе време за одмор и личен развиток; Атрактивност за таленти што ќе овозможи привлекување и задржување на врвни таленти преку нудење современи и флексибилни услови за работа“, соопшти компанијата.

Резултатите на пилот проектот ќе бидат мерени во текот на шест месеци според објективни индикатори, вклучувајќи ја вкупната продуктивност, задоволството на клиентите и ангажираноста на вработените.

„За да се обезбеди континуирана услуга за клиентите, Магнометал ДООЕЛ ќе имплементира стратегии за покривање, како што се дежурства, за да се осигури дека клиентите нема да забележат прекин во квалитетот на услугата.“, потенцираат од компанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот