И омикрон почна да мутира

Омикрон / Фото: Профимедиа

Нова подваријанта на омикрон-сојот наречена „БА. 2“ е регистрирана  во Австрија, Норвешка, Шведска, Велика Британија и во Данска, каде го замени сојот „БА. 1“, јавуваат западните медиуми

Освен што се претпоставува дека сојот ќе биде попродорен кај оние кои веќе имаат имунитет од прележана корона или се вакцинирани, не се знае многу за новата мутација.

Според Улрих Елинг, генетичар од Австрија, оние кои веќе се заразиле со омикрон не би требало да се заразат со „БА. 2“, иако е можен „двоен удар“. Сојот се ширеше во Северна Европа, но со анализа на отпадни води тој беше потврден и во Австрија. „БА. 2“ се разликува од омикрон-сјот во 18 мутации на шилестиот протеин.

Светската здравствена организација (СЗО) вели дека омикрон-сојот, има три главни подсоеви, „БА. 1“, „БА. 2“ и „БА. 3“. Заклучно со 23 декември, СЗО објави дека над 99 отсто од случаите што ги секвенционирале биле од мутацијата „БА. 1“. Вчера, Данска објави дека со „БА. 2“ се заразени речиси половина од случаите во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот