И на Курасао се игра фудбал: Каков гол за четвртфинале! (ВИДЕО) – Слободен печат
СпортФудбал

И на Курасао се игра фудбал: Каков гол за четвртфинале! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на оваа мала островска држава Курасао се пласираше во четвртфиналето на „Голд“ купот што се одржува во САД.

Курасао со еден неверојатен гол во 93. минута против селекцијата на Јамајка оствари историски резултат.

Курасао на првенството дојде како 183. селекција на светот и беше една од топ 6 најлоши пласирани тимови на ФИФА ранг листата, но тоа не ги спречи да забележат фантастичен успех.

Ел Салвадор не успеа да го обезбеди ниту потребниот бод, односно беше декласиран од Хондурас со 4:0.

За првпат ќе играат во нокаут фазата, а пред четвртфиналните пресметки, треба да се одиграат и мечевите од третото коло во групата каде што се сретнуваат Тринидад и Тобаго-Гвајана и САД-Панама.

Четвртфинале: Хаити-Канада, Мексико-Костарика, Јамајка-второпласираниот од групата Д, Курасао-првопласираниот од групата Д (30 јуни).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close