И кога нема избори, на граѓаните им се сервира изборна пропаганда!

Билборди, Фото: Слободен печат

И кога нема избори во Македонија, на граѓаните им се сервира изборна пропаганда. На билбордите се уште висат политичарите со своите изборни пораки. Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Новаковски вели дека после секои избори се соочуваме со проблемот на неотстранување на изборниот рекламен материјал од јавни места, иако тоа е регулирано со Изборниот законик.

– По завршување на изборниот процес во рок од 30 дена, учесниците на избори се должни да го остранат изборниот материјал. Иако се предвидени глоби, очигледно тоа не го почитуват, има исклучоци, но генерално не се почитува. Ние гледаме дека се уште стојат изборни материјали кои се и од претходни избори, не од овие последните. На последните локални избори мора да се забележи дека многу малку имаше плакати залепени на јавни места. Тука е забележен напредок. Дали партииите сфатиле дека нема ефект ако ги залепите плакатите на некој ѕид, гаражи и сл., место на местата предвидени за рекламен оглас, тоа треба да се утврди, изјави Новаковски за Слободен печат.

Ова проблематика, додава тој, можеби ДИК и локалната самуправа треба да го регулираат, не преку Изборниот законик, туке со посебен правилник.

– Има одреба во законот каде сите инстутуции се должни да соработуват со ДИК. Со еден правилник од ДИК тоа треба да се регулира и доколку не се постапи според тој правилник според Изборниот законик да се поднесуваат пријави, нагласува тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот