Пит Хегсет / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

И Хегсет е дел од тимот кој се ушати кон Алјаска

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет е на пат кон Алјаска, тој лета одделно од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави функционер за одбраната за Си-ен-ен.

Хегсет не беше меѓу функционерите на списокот на оние што патуваа со американскиот претседател на неговиот самит со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за војната во Украина.

Си-ен-ен, исто така, објави дека претседателот на Здружениот генералштаб, генерал Ден Кејн, е исто така на пат кон Анкориџ, според неговиот јавно објавен распоред.

Во меѓувреме, врховниот командант на американските сили во Европа, генерал Алексус Гринкевич, денес пристигна во Алјаска за да им даде воени совети на претседателот Трамп и министерот за одбрана Хегсет, додека претседателот „се обидува да ја доведе оваа војна до мирен крај“, изјави за Си-ен-ен висок воен функционер на НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот