Фото: принтскрин - Зоран Николовски

И ден-денес се издаваат лиценци за објекти од канцеларија, вели обвинет за „Пулс“

„Сè уште, и ден-денес, се издаваат лиценци од канцеларија, единствено нешто што е сменето е зголемената контрола. Јас ниту сум излегол, ниту знам каде е „Пулс“ или друг објект, ниту сум имал обврска и надлежност по Закон да ги проверувам условите“, рече во воведните одговор Зоран Николовски, поранешен раководител на Секторот за туризам и угостителство во Министерството за економија, кој е обвинет за кочанската трагедија.

– Сакам да ја сфатите улогата на секторот за туризам при министерството за економија. Министерството е друга институција, ние сме мала институција. Законодавецот кој го пропишал овој Закон за угостителска дејност нас не ставил во форма на водење на општа управна постапка. Тој закон, па и барањето што ги содржи елементите, донесување на решение за издавање на лиценца за вршење на угостителска дејност, ова барање е се уште важечко и ден денеска. Се уште и ден денеска издаваат лиценца од канцеларија единствено нешто што е сменето е контролата, зголемената контрола. Тука, во ова барање е наведено што точно бараме за издавање на лиценцата. Елементите никогаш во животот ниту сум излегол, ниту знам каде е „Пулс“ ниту некој друг објект, ниту нѝ било обврска ниту надлежност по закон да вршиме проверка на било какви услови. Ние никогаш не сме биле во можност ниту да извршиме контрола, ниту проверка дали било кој друг документ што е доставен е точен верен или неточен. Така сум постапил првиот пат, кога ја одбивме лиценцата, по Закон, кога ги имало потребните документи, по Закон сум постапил. Јас веќе од декември 2013 не работам во министерството – рече Николовски.

Неговиот адвокат, Еленко Миланов, пред судот го спореше тоа што колешката на Николовски, Лилјана Илиевска иако ја контролирала лиценцата не е во обвинението и обвини за двојни аршини.

-Во ова обвинение ќе најдете дека и Лилјана Илиевска ја контролирала лиценцата. За неа нема каузалитет, нема причинско-последична врска, нема умисла, но за Зоран Николовски има – рече тој.

Николовски првично го одбил барањето за лиценца бидејќи Државниот пазарен инспекторат известил дека објектот не е готов. Но, кога стигнала уредна документација, морал да потпише во рок од 15 дена.

Обвинителството го товари дека како раководител, ги контролирал документите за лиценците издадени во 2012 и 2013 година. Според обвинението, иако знаел дека документацијата е нецелосна и дека локацијата не одговара, тој дал согласност предметот да оди на потпис кај министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот