Заев за набавката на вакцини од Кина преку приватни фирми: Немавме лоша намера

Нови конфузии околу набавката на кинеските вакцини се појавија по пишувањето на италијанскиот весник „Ла верита“. Во текстот насловен како „Битка помеѓу Кина и Русија за Балканот“ објави дека македонската влада преку фантомска фирма сакала да набави вакцини од Кина. Околу ова, премиерот Заев одговори дека е вистина дека Владата соработувала со приватни фирми за набавка на вакцини против Ковид-19, но отфрли дека имало незаконски дејствија, пишува ТВ 21.

„Апсолутно негирам било какви лоши намери или незаконско дејствување заради што во овој период правиме напори да направиме да набавиме по сите можни канали како што очекуваат нашите граѓани за час поскоро да ги има“, истакна Зоран Заев.

Заев додава дека директно преку „Синофарм“ не можеле добијат контакт, па затоа нарачале преку приватни компании кои што Министерството за надворешни работи не ги потврди, па затоа и авансот бил повлечен. 

„Секако нарачките кои сме ги правеле се во конкретниот случај со Кина се со потврда и писма од „Синофарм“ и нормално се со целата документација се регулирани. Донесени се сите неопходни одлуки. На крајот одлучивме дека треба да одиме преку Кинеската амбасада“, посочи Зоран Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ  велат дека за ваквото однесување преку фантом фирми би требало да се одговара не само по однос на Кривичниот законик туку и по однос на ризикот во кој што се доведени граѓаните и јавното здравје со погрешно делување и не набавка на вакцини.

„Според она што може да се види во регистарот на овие компании е дека ниту „Синохидро“, ниту „Пауер Чајна“ не се регистрирани во Хонг Конг. Ниту, пак истите важат за фантом фирми. Затоа прашањето до Заев и до Филипче е како ја одбрале фантом фирмата од Хонг Конг и зошто преку оваа фирма требало да оди набавката на вакцини, и дали била дадена банкарска гаранција, и дали постои преддоговор со министерството за здравство“, додава Антонио Милошоски.

Весникот „Ла верита“ е познат кај нас уште од претхоно  по објавувањето прислушуваните разговори на Боки 13, Орце Камчев и обвинителката Катица Јанева. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот