Хрватската порно ѕвезда стана европски шампион во секс: Се враќа со пехар и парична награда од 995.000 евра?!

Фото: Instagram/ marija.zadravec.21

Порно ѕвездата Марија Задравец, попозната како „Свит Мери“, ја претставуваше Хрватска на европскиот секс натпревар, организиран во Шведска. Натпреварот траеше два месеци, а натпреварувањата во сите категории се снимаше 24 часа.

Како што пренесуваат од веб пораталот „Меѓимурје“, таа во Хрватска се вратила со победничкиот пехар и парична награда од 995 илјади евра, а со постигнатиот успех се пофалила и на својот Фејсбук профил.

Фото: Facebook/ Marija Zadravec

„Уште еднаш им благодарам на сите луѓе кои ме поддржаа и дадоа доволно гласови за победа. Исто така, благодарност до сите медиуми кои го покриваа овој настан и голема благодарност до Шведската федерација за секс за богатата награда. Благодарност до организаторот Драган Братиќ за довербата и можноста да учествувам во проектот, а уште една благодарност до Жига Седевчиќ и „Добра Дружба“ од Словенија кои ме препорачаа за овој проект“, напиша Марија на својот профил.

Фото: Facebook/ Marija Zadravec

Да потсетиме, минатиот месец беше објавена информација дека натпреварувачките наводно го напуштиле натпреварот во Шведска, поради тврдења дека организаторот Драган Братиќ, родум од Топузово Поље во Босна и Херцеговина, и Шведската федерација за секс не им ги платиле ветените хонорари.

ФОТО | Хрватска порно ѕвезда ќе учествува на Европско првенство во секс

ФОТО | Меѓу нив Хрватката и Украинката: Порно-ѕвездите побегнаа од „хорор“ Европското првенство во секс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот