Хрватската академија бара од властите да не ја пуштаат Србија во ЕУ ако не го признае хрватскиот јазик

Фото: Миа.мк

Хрватската академија на науките и уметностите (ХАЗУ) ѝ предложи на владата да го постави признавањето на хрватскиот јазик како посебен и независен од страна на официјален Белград како еден од условите за пристапување на Србија во ЕУ, јави агенцијата Хина, повикувајќи се на Одборот за нормирање на хрватскиот стандарден јазик на ХАЗУ.

Изјавата е прифатена од раководството на Академијата, со што стана официјален став на Хрватската академија на науките и уметностите, се наведува во соопштението.

Одборот, како се наведува, ја усвоил изјавата „земајќи го предвид фактот дека културните и јавните тела на Србија, како и институциите финансирани од нејзиниот буџет, често со години го негираат постоењето на хрватскиот јазик и неговата историја и го присвојуваат хрватското книжевно наследство, особено хрватската книжевност на Дубровник, објаснувајќи го тоа со тезата дека дубровничките писатели наводно пишувале на српски јазик“.

Одлуката, како што се додава, е „донесена поради фактот што во образовната програма во училиштата во Република Србија хрватскиот јазик лажно е претставен како српски јазик кој само се нарекува со хрватско име“.

Освен до хрватската јавност, изјавата е испратена и до премиерот Андреј Пленковиќ, јави Хина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот