Хрватска: Пеѓа Грбин е нов, четврти лидер на опозициската СДП по Рачан, Милановиќ и Бернардиќ

Фото: facebook

Пеѓа Грбин е нов претседател на опозициска Социјалдемократска партија (СДП) во Хрватска кој доаѓа на местото на Давор Бернардиќ. По објавувањето на резултатите од вториот круг гласање на внатрепартиските избори, тој повика на единство во партијата која со години е поделена поради внатрешни конфликти.

Грбин рече дека СДП, без оглед на тоа кој гласал, ќе биде обединета и ќе работи за иднината на Хрватска. Основач на СДП беше Ивица Рачан, го наследи сегашниот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ, а по него беше Давор Бернардиќ.

– Да се биде претседател на СДП претставува голема чест, но и одговорност да се биде на чело на граѓанска и лева Хрватска и на оние прогресивни опции што нашата земја а воделе секогаш напред. СДП отсекогаш била и ќе биде таква партија, рече Грбин по изборите за претседател на СДП.

Тој рече дека сака СДП во Хрватска да води јасна политика што ќе се грижи само за една работа, а тоа се реалните проблеми на Хрватите и начините на кои тие ќе се решат.

– Не сакам политика на конфликти и судири, во која се расправаме и се караме, сакам политика во која создаваме, нагласи Грбин.

Изборите во СДП беа спроведени по изборниот пораз на парламентарните избори и оставката на Бернардиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот