Храна што можете да им ја давате и на кучињата

Кога се милениците во прашање, најдобро е да ја јадат храната која е наменета токму за нив. Но, некогаш толку милно нè гледаат што не можеме да одолееме, а да не им дадеме да пробаат од нашата храна.

Ова не е секогаш паметен избор, бидејќи тие јадат многу намирници, но не сите се добри за нив. На пример, никогаш не смеете да им давате кромид, лук, чоколади, грозје или гуми за џвакање.

Но, постои храна што можете слободно да им ја давате, па дури и да ја вклучите во комбинирањето на дневните менија:

Моркови

Можете да им ги давате свежи како грицки, или сварени како додаток на конзервираната храна или вареното месо. Но, не претерувајте, бидејќи содржат многу скроб.

Путер од кикирики

Иако не смеете да го давате во големи количини, воопшто нема да наштети ако 2-3 пати неделно додадете путер од кикирики во нивната храна или им дозволите лизнат од лажица.

Јајца

За да бидат безбедни за вашето куче, потребно е јајцата да се тврдо сварени. Можете да им ги давате наутро, со првиот оброк.

Лосос

Лососот може да се најде како состојка и во конзервираната храна за кучиња. Но, ако додадете парче сварен лосос во храната, тогаш омега-3 масните киселини ќе го подобрат квалитетот на нивните влакна и нокти.

Лубеница

Иако е блага, количината на вода го поништува дејството на шеќерот што го содржи. Така, едно парче лубеница на вашето куче ќе му обезбеди и разладување и хидратација.

Грашок

Грашокот може да се најде како состојка и во храната за кучиња и за мачки. Пире од грашок или цели зрна се одличен додаток за храната за вашето милениче, што ќе ги држи подолго време сити.

Јаболки

Јаболките се богати со витамини, минерали и антиоксиданси и за луѓето и за кучињата. Единствено што треба да внимавате е вашето куче да не јаде од семките. Најдобро е да го исечете јаболото на парчиња и веднаш да ја фрлите срцевината со семки.

Сладок компир

Сварен сладок компир исто така е одличен додаток на кучешката храна. Богат е со витамин А и лесно се вари во организмот. Количината на сладок компир во оброкот треба да биде една третина од вкупната количина.

Ориз

Оризот нема многу нутритивни вредности за кучињата, но е добар во случаи кога имаат болки во стомакот или проблеми со столицата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот