ХРАБРОТО КУЧЕ ЗЕВС УМРЕЛО СПАСУВАЈЌИ ДЕТЕ: Да не бил тој, момчето сигурно ќе НАСТРАДАЛО (ФОТО)

Фото: GoFundMe

Пит булот Зевс умрел откако четири пати го каснала змија на која храбро скокнал за да ги заштити децата на сопственикот.

Фамилијата од Флорида го пренела кучето на ветеринар за да добие противотров, но кучето сепак починало следниот ден.

– Зевс е најлојалното куче што го познавам – рекол Гери Ричардсон, сопственикот на кучето, јавува Метро.

Несреќниот случај се случил минатиот понеделник во 6.15 часот.

– Одеднаш почна да ја напаѓа змијата која беше блиску до мојот син, а таа го гризна четири пати – рекол Гери.

Главата на кучето почнала да отекува, а покрај него било телото на змијата.

Фото: GoFundMe

– Моментално сме повеќе од скршени. Тој го даде својот живот за да го спаси нашиот син. Засекогаш сум му благодарна – рекла Џорџина, сопругата на Гери.

Фамилијата отворила и GoFundMe страница на која барале помош за собирање на пари за плаќање на ветеринарските трошоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот