Храбрите пожарникари ја смирија огнената стихија кај Секретаријатот (ФОТО)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Фотографот на „Слободен печат“, Драган Митрески, утрово ја долови ситуацијата која непредвидливо настана откако избувна пожар во зградата на СЕП и МИА кај поранешна Комерцијална банка.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

За среќа повредени лица нема, а подготвеноста и екипираноста на пожарникарите од Противпожарната Бригада на Град Скопје, како и нивната пожртвуваност доведе со стивнување на  огнената стихија која утрово ја затекнаа.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Интервенирале 24 пожарникари со девет противпожарни возила, а на лице место се најдоа и медицински лица кои беа одговорни за здравствената состојба на пожарникарите, после нивната интервенција.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Оштетени се шест простории на првиот кат каде е сместен Инспекторатот за животна средина.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Евакуирана е целата зграда во која се сместени и Секретаријатот за европски прашања и Медиумската информативна агенција.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Од инспекторатот, каде работното време почнува во 08:30 часот, велат  при избувнувањето на пожарот немало вработени во нивните простории.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Пожарот е во североисточниот дел на зградата.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот