Хотел со 4 ѕвезди во центарот на Скопје крадел струја и ќе запалел зграда
До Министерството за внатрешни работи поднесена е пријава за нелегално приклучување на мрежа и предизвикување на општа опасност од пожар.
Откриена е голема кражба на електрична енергија во центаот на Скопје, извести Електродистрибуција. Оттаму појаснуваат дека хотел со 4 ѕвезди на ул. „Луј Пастер“ нелегално бил приклучен на мрежа и постоела опасност од настанување на пожар.
Препорачано
-При техничка контрола во станбена зграда која граничи со хотел на улицата „Луј Пастер“, нашите екипи пронајдоа три нелегални и изгорени кабли како последица на преголема оптовареност. Каблите веднаш беа исклучени бидејќи претставуваа директна и огромна општа опасност од настанување на пожар. За време на дополнителна контрола се утвди дека хотелот повторно бил приклучен на еден од нелегалните кабли. Екипите беа попречени во вршењето на должноста при влезот во хотелскиот објект. Случајот е документиран и за истиот е поднесена пријава за нелегално приклучување на мрежа и предизвикување на општа опасност од пожар до Министерството за внатрешни работи – соопшти Електродистрибуција.


