Хоспитализираните во „Пирогов” се во стабилна состојба, еден денеска ќе биде опериран

Лекар од болницата во Бугарија
Лекар од болницата во Бугарија / Фото: МИА

Сите пациенти повредени во автобуската несреќа на автопатот Струма се во стабилна општа состојба, и нема опасност по нивните животи, соопшти денеска болницата „Пирогов”.

Вчера беа оперирани двајца пациенти кои исто така се во добра општа состојба. Повредените кои биле на интензивна нега денеска се пренесени на одделението на Клиниката за изгореници и пластична хирургија. Едно од повредените лица денеска треба да биде оперирано.

Со оглед на шокот од несреќата и тешките психички трауми, хоспитализираните добија и специјализирана психолошка поддршка од болницата. Се уште нема јасна прогноза кога може да се отпуштат, велат од „Пирогов”.

Во болницата се хоспитализрани седум лица кои беа донесени по автобуската несреќа на автопатот Струма во раните утрински часови на 23 ноември.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот