Хонгконг го усвои контроверзниот Закон за химна

Законот предвидува парични и затворски казни за непочитувањето на химната на НР Кина.

Лидерката на Хонгконг Кeри Лам го одобри законот со кој се уредува употребата на националната химна и се предвидува одговорност доколку таа не се почитува, соопшти прес-службата на локалната власт.

Овој правен акт, усвоен од Законодавно-правниот совет на 4 јуни, ќе стапи во сила откако утре ќе биде објавен во Службен весник.

– Како и националното знаме и грбот, и химната е симбол на нацијата. Како составен дел на Народна Република Кина, Специјалниот административен регион  Хонгконг е должен со закон да го чува достоинството на химната, рече таа.

Законот предвидува дека потценувачки однос кон официјалната химна на Народна Република Кина „До Марш на доброволците” ќе се казни со парична казна до 50.000 хонгкошки долари (6.450 американски долари) и затвор до три години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот