„Хонда“ повлекува повеќе од 880.000 возила во САД
Јапонската компанија „Хонда“ денес соопшти дека нејзината американска подружница повлекла 880.514 возила во САД поради можен дефект на компонентите на задната суспензија, објави американската Национална администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA).
Препорачано
Повлекувањето вклучува одредени модели на „хонда пилот“ (Honda Pilot), „хонда риџлајн“ (Honda Ridgeline), „хонда пасош“ (Honda Passport) и „акура MDX“ (Acura MDX), објави Ројтерс.
Според регулаторот, постои ризик некои делови од задната суспензија, вклучувајќи ја и задната контролна рачка да откажат. Во овој случај, возачите би можеле да ја изгубат контролата врз возилото, што го зголемува ризикот од сообраќајна несреќа или повреда, додава NHTSA.
Овластените сервисни центри ќе ја проверат задната подрамка на возилата „хонда“ и ќе инсталираат комплет за нејзино зајакнување. Доколку е потребно, оштетените компоненти ќе бидат поправени или заменети, без никакви трошоци за сопствениците на возилата, се наведува во соопштението.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
19мин
-
24мин
-
32мин
-
37мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


