Холандија сè уште без влада, 226 дена празни преговори

Марк Руте
Марк Руте / Фото: EPA-EFE/BART MAAT

Коалициските преговори меѓу холандските политички партии повеќе од седум месеци по парламентарните избори, се сè уште неуспешни, па земјата доби нов рекорд, најдолго време без нова влада, пишува Гардијан.

Рекордот беше соборен во петокот, на 226-от ден од коалициските преговори, а нивниот крај се уште не се гледа.

Четирите партии кои владееја до изборите преговараат за продолжување на соработката, но разговорите не се поместуваат подалеку од почетокот.

Претходниот рекорд, од 225 дена, се случи пред четири години, кога истите партии преговараа за состав на третата влада на Марк Руте.

Руте, кој е на власт 11 години и го има прекарот „Премиер на тефлон“ бидејќи досега ниту една афера „не му наштетила“, сега е најверојатниот старо-нов премиер, но аналитичарите велат дека тој во никој случај не е со сигурна работа.

Неговата трета влада поднесе оставка во средината на јануари по скандалот со детски додаток, кога властите погрешно обвинија илјадници холандски родители дека ги стекнале со измама.

Највисоки 34 места во парламентот

На изборите на 17 март, десноцентристичката партија на Руте и економскиот либерализам, ВВД, ги освоија релативно највисоките, 34 места во парламентот.

Прогресивната левичарска партија Д66 на министерката за надворешни работи Сигрид Кааг освои 24 места.

Сцената беше подготвена за продолжување на коалицијата ВВД-Д66, но остана прашањето кои партии ќе ги достигнат потребните 76 пратенички места за парламентарното мнозинство. Руте би сакал да види две демохристијански партии во владејачката коалиција, кои претходно ја поддржуваа владата, а Кааг е повеќе наклонета кон работничките и зелените партии.

„Де факто, вистинските преговори штотуку почнаа. Беше потребно долго време за да се средат личните односи и внатрепартиските проблеми“, вели Клес де Врие, професор по политички науки на Универзитетот во Амстердам.

Неуспехот ќе доведе до нови избори, а ниту една голема партија не го сака тоа, додаде тој.

Во меѓувреме, техничката работа продолжува да ја врши третата влада на Руте, но се зголемува притисокот да се формира влада со полн капацитет и авторитет што е можно поскоро.

„Прашањата како што се станбената криза, климатските промени и енергетската транзиција бараат итна владина акција“, вели Руд Кул, професор по политички науки на Универзитетот Лајден.

Во секој случај, холандските коалициски преговори се уште се далеку од светските рекордери, соседните Белгијци, кои во 2010 и 2011 година преговараа за нова влада 541 ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот