„Хјундаи“ повреди мотоциклист

Вчера во 15.15 часот на крстосницата од улиците „Владимир Полежановски“ и „Рајко Жинзифов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „хонда“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.П.(23) од Охрид и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(68) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Д.П. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот