• Повреден моторџија

Повреден моторџија од Скопје

Вчера околу 14.30 часот на булеварот „8 Септември“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Ј.(42) од Скопје и „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(41) од Скопје. Во незгодата тешки повреди здобил мотоциклистот кој бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“.