Хелена Бонам Картер ја напушти серијата „Белиот лотос“ само неколку дена по почетокот на снимањето
Актерката Хелена Бонам Картер ја напушти популарната серија „Белиот лотос“. Само неколку дена откако започна снимањето на четвртата сезона од хитот на Ејч-би-о, познатата актерка ја напушти екипата, пишува „Дедлајн“.
Препорачано
– Токму кога започна снимањето на четвртата сезона, стана очигледно дека ликот што Мајк Вајт го создаде за Хелена Бонам Картер не е добар избор за снимањето. Улогата повторно се испутѕва, се препишува и ќе биде преработена во наредните недели – изјавил портпарол на Ејч-би-о.
Тој додаде дека Ејч-би-о, продуцентите и Мајк Вајт се тажни што нема да можат да работат со неа, но остануваат страствени обожаватели и се надеваат дека наскоро ќе соработуваат со легендарната актерка на друг проект.
59-годишната Картер, која е најпозната по своите улоги во „Боречки клуб“, „Мртвата невеста“, „Свини Тод“ и „Хари Потер“, сè уште не го објавила своето заминување.
Според официјалното соопштение за медиумите, претстојната сезона на „Белиот лотос“ се одвива во луксузен одморалиште во Франција за време на Канскиот филмски фестивал.
Во глумечката екипа се Роузи Перез, Макс Гринфилд, Кумаил Нанџиани, Клое Бенет, Хедер Греам и Стив Куган, Еј-Џеј Михалка и Сандра Бернхард.
Дејствието на првата сезона од серијата се одвиваше на Хаваи, додека втората сезона беше снимана на Сицилија, а третата во Тајланд.


