Хаос во уште една држава – започна голема чистка

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун/ Фото: EPA-EFE/KCNA EDITORIAL USE ONLY

Во услови на голем недостиг на храна и на економска криза, од Северна Кореја пристигнуваат вести дека диктаторот Ким Џонг Ун сменил повеќе од половина од неговите службеници.

– Работничката партија на Кореја разреши 40 отсто од членовите на Политбирото кои беа на функција во последната година и 60 отсто од функционерите во секретаријатот на партијата – соопшти Министерството за обединување на Јужна Кореја, кое е задолжено за односите со Северна Кореја.

Се верува дека Ким Џонг Ун сака да ја обезбеди својата моќ во Северна Кореја со реорганизација на воени офицери, партиски кадри и други владини функционери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот