Хан им се извини на граѓаните: Се надевам дека лидерите ќе ја поправат грешката

Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Еврокомесарот Јоханес Хан денеска им се извини на граѓаните на Македонија, бидејќи министрите за надворешни работи на ЕУ не донесоа одлука за датум за почеток на преговори со Унијата.

– Граѓаните имаат желби и соништа, не е задоволување на политичари, треба да работиме за луѓето. Им се извинувам на граѓаните што не успеавме да се договоривме. Се надевам дека ќе успеаме да ги убедиме другите. Државите испорачаа, сега ние требаше да испорачаме, но не испорачавме“ – рече Хан.

– Нема сомнеж дека повторно одлагање ќе му наштети на нашиот кредибилитет на Западниот Балкан и нашата амбиција да станеме силен играч, овде зборуваме за наша внатрешна територија, ако на наша домашна територија не можеме да бидеме успешни, тогаш како ќе бидеме на надворешна –  порача Хан.

Тој додаде дека сепак се надева оти „грешката ќе биде поправена и на крај датум за преговори сепак ќе има“.

– Се надевам дека лидерите ќе ја поправат оваа грешка, не сакам да шпекулирам, но важно е да сфатиме колку болни реформи овие земји направија и политичкиот кредит на оние кои успеаја да го сторат ова, ако има негативна одлука, не можам да исклучам дека ќе предизвика интерни динамики, можам само да ги повикам итно сите да се фокусираат и да не се откажат – изјави Хан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот