Хамнеи: Не соработуваме со Америка сѐ додека ја поддржува проколнатата ционистичка власт
Соработка меѓу Иран и САД не е можна сè додека Вашингтон продолжува да го поддржува Израел, да одржува воени бази и да се меша во работите на Блискиот Исток, изјави во понеделник врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, објави „Ројтерс“.
Препорачано
Неговите изјави доаѓаат во момент кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп се обидува да го засили притисокот врз Техеран.
— Американците понекогаш велат дека би сакале да соработуваат со Иран. Но, соработка со Иран не е можна сè додека САД ја поддржуваат проколнатата ционистичка власт, одржуваат воени бази и се мешаат во регионот — изјави Хамнеи, според државните медиуми.
Врховниот лидер на Иран ја отфрли понудата на Трамп за разговори
Трамп во октомври изјави дека САД се подготвени да склучат договор со Иран кога Техеран ќе биде подготвен.
— Отворена е раката на пријателство и соработка со Иран — посочи тој.
Двете земји одржаа пет круга нуклеарни разговори пред 12-дневната војна меѓу Иран и Израел во јуни, во која Вашингтон се вмеша со напади врз клучни ирански нуклеарни објекти.
Разговорите меѓу двете страни се соочија со сериозни пречки, особено околу прашањето за збогатувањето ураниум на иранска територија, кое западните сили сакаат целосно да го укинат за да се намали ризикот од производство на нуклеарно оружје — план што Техеран категорично го одбива.
Пезешкијан: Иран ќе ги обнови своите нуклеарни постројки со поголема моќност


