Хамилтон на турбо-погон: Од десеттото место до триумф во Бразил

Одлична трка за Луис Хамилтон/ фото: EPA-EFE/Sebastiao Moreira

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, победи на трката на Големата награда на Бразил и иако стартуваше од десеттото место. Неговиот главен конкурент за титулата, Макс Ферстапен од Ред Бул го освои второто место.

Ова беше 101 победа за Хамилтон во кариерата и на три круга до крајот на сезоната ја намали негативата во однос на лидерот Ферстапен на 14 бодови.

Бртитанецот иако стартуваше од десеттото место, уште во првиот круг на патеката Интерлагос во Сао Пауло, претекна четворица возачи и многу брзо се најде во борба со Ферстапен кој пак на стартот го претекна Валтери Ботас и изби на лидерската позиција.


Хамилтон неколку пати се обидуваше да го претекне конкурентот за титулата, а конечно успеа да го стори тоа во 59 круг. Откако изби на првото место, Британецот со одлично возење не му остави надеж на Ферстапен да се понадева дека може да се врати на лидерската позиција, и на крајот славеше со предност од 10 секунди.

На третото место заврши Валтери Ботас од Мерцедес, додека вториот возач на Ред Бул, Серхио Перес беше четврти. По нив пристигна двоецот на Ферари, Шарл Лклер и Карлос Саинс,  бодови освоија уште и Пјер Гасли, Себастијан Окон, Фернандо Алонсо и Ландо Норис.
Лидер во генералниот пласман е Ферстапен со 332.5 бодови, додека Хамилтон е втор со 318.5 бодови. Наредната трка ќе се вози на 21 ноември во Катар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот