Хамилтон доминираше на Хунгароринг и се израмни со Михаел Шумахер

EPA-EFE/ANTONIN VINCENT

Возачот на Мерцедес и актуелен Ф1 шампион оствари убедлив триумф на трката за Големата награда на Унгарија.

Британецот по осми пат победи на Хунгароринг со што го израмни рекордот на Михаел Шумахер по бројот на победи на една патека. Легендарниот Германец осум пати победуваше на „Мани Кур“ во Франција.

Ова воедно беше и втора победа за Хамилтон оваа сезона, а вкупно 86. во кариерата и сега има само пет помалку од Шумахер кој кој е рекордер во бројот на триумфи.

Победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање за Хамилтон, возачот на Мецедес кој стартуваше од пол позицијата постојано беше лидер на трката, а исто така го имаше и најбрзиот круг.

Второто место му припадна на возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен кој во финишот успеа да ги одбие нападите на Валтери Ботас кој на крајот заврши како третопласиран.

Тимот на Ферари повторно имаше карастрофална трка, Себастијан Фетел заврши како шестопласиран, додека Шарл Леклер беше дури 11., а притоа доцнеше цел круг зад победникот.

Наредните две трки од Формула 1 шампионатот ќе се возат на легендарната патека во Британија, Силверстон и тоа на 31 јули и на 7 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот