Хамас/ Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Хамас се согласи да го предаде оружјето и мапите од тунелите во Појасот Газа

Движењето Хамас се согласи на договор со САД за предавање оружје и мапи на подземните тунели во Појасот Газа во замена за признавање на групата како политичка партија, објави Скај њуз Арабија, повикувајќи се на палестински извор.

„Хамас и американската администрација постигнаа договор за прашањето за предавање оружје и мапи на тунелите во Газа од страна на движењето во замена за признавање на Хамас како политичка партија“, рече изворот.

Според договорите, политичките и воените лидери на Хамас кои сакаат да ја напуштат територијата ќе можат да го сторат тоа без да се соочат со кривично гонење од страна на САД.

Вашингтон се согласи да „интегрира некои полицајци и поранешни функционери на Хамас во новата администрација во Газа, под услов да поминат безбедносни проверки од страна на Израел и САД“.

Според изворот, Палестинската национална власт (ПНА) не е против договорите, сè додека тие обезбедуваат крај на војната, воспоставуваат прекин на огнот и го забрзуваат обновата. Сепак, Израел се спротивстави на некои точки од договорот, особено во врска со зачувувањето на Хамас како политичка партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот