Хакиран профилот на австралискиот премиер на мрежата WeChat

Премиерот на Австралија Скот Морисон/ Фото: ЕОА

Австралија ја обвини социјалната мрежа WeChat дека го презела профилот на премиерот Скот Морисон и ги насочила неговите следбеници на страницата за кинеските државјани во Австралија.

Ова денеска го потврди претседателот на Мешовитиот одбор за разузнавачки и безбедносни прашања на австралискиот парламент, Џејмс Патерсон.

Тој кажа дека профилот на Морисон е „преземен и ребрендиран”, пишува Си-Ен-Ен.

-Неговиот профил е хакиран, потврди тој.

Патерсон додаде дека налогот на премиерот сега ги пренасочува неговите следбеници на налогот „Австралиски кинески нов живот”.

WeChat е една од најкористените апликации за пораки во Кина, која во 2020 година броеше околу 1,2 милијарди корисници месечно.

Огромното мнозинство од нив се наоѓаат во Кина, но, исто така, мрежата е популарна и меѓу кинеската дијаспора.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот