Хакери ја нападнаа веб-страницата на Собранието

Собранискиот интернет страница денеска била мета на сајбер напад, соопшти законодавниот дом, додавајќи дека набргу по нападот, сајтот е вратен во функција. Од Кабинетот на претседателот Талат Џафери посочуваат дека нивните ИТ-експерти констатирале дека нападите доаѓале од странски ИП адреси, и поради тоа засега до сајтот може да се пристапува само од Македонија.

Во кусото соопштение до медиумите е посочено дека станува збор за напад од странство, т.н flood attack, односно напад од повеќе конекции, чија последица е недостапност на интернет-страницата.

„Во моментов оневозможен е пристап до страницата од странски адреси но е достапна за домашните корисници. Во меѓувреме надлежните службеници ќе ја следат состојбата и штом се констатира дека е безбедно, пристапот за корисниците од странство ќе биде овозможен“, посочуваат од Собранието.

Минатиот месец, жртва на сајбернапад беше и Фондот за здравство, кој речиси три недели не беше вратен целосно во функција. Тој напад остави без плати здравствените работници, ја запре исплатата на породилното и другите боледувања, направи огромни проблеми со земањето лекови, а во игра ги врати и хартиените обрасци.

Кражба на чуствителни податоци од владини сајтови за кои потоа се бара откуп, поставување на линкови за продажба на облека на сајтот Vlada.mk или копање криптовалути на сајтот на Бирото за јавни набавки, се само дел од последните сајбер напади врз државни сајтови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот