Хајредини: Оставката на Заев стана банална, како онаа на Венко Филипче

Политичкиот аналитичар и поранешен министер за финансии, Џевдет Хајредини, го коментираше вчерашното неприфаќање на оставката на Зоран Заев од страна на највисоките партиски органи на Социјалдемократскиот сојуз.

– Не е неочекувано што оставката на Зоран Заев стана банална како и онаа на Венко Филипче за трагедијата во тетовската болница, напиша поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини на Фејсбук.

Откако ја најави оставката вечерта по вториот круг од изборите, Заев практично се повлече од јавноста, а по осум дена, вчера ја прифати препораката на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ и ја одложи на неодредено време, односно „до нормализација на политичката состојба“.

Венко Филипче, пак, за трагедијата во тетовската болница понуди оставка во Владата, која Заев по околу еден месец не ја прифати, со образложение дека истрагата на Обвинителството не укажува на вина кај министерот за трагичниот пожар во Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот