ВИДЕО: Филипче соопшти дека понудил писмена оставка до Владата

Венко Филипче / фото:скриншот

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека понудил писмена оставка од функцијата до премиерот Зоран Заев, поради морална одговорност по трагедијата во Тетово, каде изгоре модуларната ковид-болница и загинаа 14 луѓе.

„Како лекар и министер имам интегритет, затоа денес од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев“, рече Филипче во кусото обраќање.

„Пред граѓаните стоев транспарентно, никогаш не бегав од критика, не останав должен за одговор. Сите одлуки кои ги донесовме беа со цел да се заштити здравјето на граѓаните. Последната трагедија многу ме погоди, жалам за загинатите. Нема зборови за тоа да се надомести загубата. Како лекар и министер имам интегритет и затоа од морални причини понудив пишана оставка. Сакам да се заблагодарам на сите кои веруваа во мене. Сакам посебно да се заблагодарам на медиумите за нивната транспарентност и посветеност која ја добив во најтешките моменти“, рече Филипче.

Неговата оставка треба да биде прифатена од Владата на седница. По ова, ќе се назначи нов министер за здравство. Од функциите претходно се повлекоа и заменик-министерот за здравство Илир Хасани, како и двајца директори од Клиничката болница во Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот