Гвинет Палтроу знае како да рекламира: Ова мириса како мојата вагина! (ФОТО)

„Ова мириса како мојата вагина“, гласи називот на свеќата која чини 75 американски долари.

Познатата американска актерка и пејачка Гвинет Палтроу, досега ја изненадуваше јавноста со своите бизарни потези и начини на кои се грижи за сопствениот изглед, меѓутоа нејзината свеќа која неодамна ја претстави ги стави сите овие работи во втор план.

Холивудската ѕвезда смета дека сите сакаат да имаат свеќа која мириса како вагина!

Уште поинтересно е тоа што се покажа дека таа е во право, така што производите кои беа објавени на нејзината страница, веднаш беа распродадени.

„Идејата за свеќата првично беше шега помеѓу експертот за парфеми Даглас Литл и Гвинет, кои заедно работеа на миризбата. Гвинет за една свеќа рече дека мириса како вагина, а тоа е интересен, убав, секси и сосема неочекуван мирис“, стои во описот на страницата каде е објавен овој производ.

„Ова мириса како мојата вагина“, гласи називот на свеќата која чини 75 американски долари.

На страницата, нејзиниот мирис е опишан како „мешавина од неколку билки“.

Гвинет својта линија „Goop“ ја започна во 2008 година, а помеѓу предметите кои ги продаваше беше и златен вибратор вреден 15.000 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот