Гвардиола: Да се биде најдобриот фудбалски клуб на светот е извонредно достигнување

Пеп Гвардиола со медалот на Светското клупско првенство во Џеда, Саудиска Арабија/фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ја коментираше победата на неговиот тим во финалето на Светското клупско првенство синоќа против Флуминенсе. Шпанецот е горд на успехот на неговиот тим:

– Толку сум горд на овој клуб. Она што го направивме е извонредно достигнување. Освојувањето на овој трофеј значи да се биде најдобриот тим во светот и нашите играчи, нашите тренери, сите во клубот кои работат напорно секој ден за да ни го донесат овој успех – изјави Гвардиола.

Тоа што се издвојува е тоа што „Граѓаните“ продолжуваат да се борат за трофеи, без разлика колку веќе имаат освоено.

– Како тренер, најмногу сум горд што секогаш сме на врвот. Без разлика колку победи, без разлика колку трофеи ќе подигнеме, ние сепак сме тука да се бориме за следната. Одржувањето на овие пет големи титули го покажува уникатниот менталитет на овој тим, клубот и неговите навивачи. Тоа е нешто што ниту еден англиски тим го нема постигнато и секогаш ќе го паметиме ова неверојатно време поминато заедно – рече Гвардиола.

Инаку ова е прва титула за Манчестер сити на Светското клупско првенство, од англиските клубови по една имаат и Манчестер јунајтед, Ливерпул и Челси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот